За прв пат кај нас - Дрвени слики со уметност на шајчиња

За прв пат кај нас - Дрвени слики со уметност на шајчиња

Со нашата цел секогаш да изненадиме и да овозможиме на секој да подари нешто персонализирано или да го надополни домот со нешто уникатно започнавме со изработка на стринг уметност. Односно дрвени слики за на ѕид изработени со персонализиран текст и форми, со специјална техника - плетење на шајчиња.

Денес ви споделуваме нешто повеќе за идејата за овие изработки и интересот кој го добиваме од корисниците.

Како започнавме да правиме вакви изработки?

Секогаш се трудиме да изработиме нешто ново и нешто што ќе биде целосно персонализирано и ќе може да се менува според желбите на корисникот и според пригодата. Идејата за овие дрвени слики всушност дојде кога се ближеше роденден на наша блиска личност. Имавме доста цвеќиња кои веќе ги користевме за другите изработки и дрво кое го користевме за нашите кутии. Така дојдовме и до идејата да пробаме да направиме слика со шајчиња и за да биде по персонализирана да додадеме текст. Нашиот прв обид за ваква изработка всушност изгледаше вака:

По ова почнавме да бараме и нови начини како да ги правиме дрвените слики, па додадовме и фотографии, почнавме да правиме и целосно исплетени текстови, форми. Испадна како многу интересна идеја за поадарок и ваквите поклони станаа едни од нашите најбарани. Имаме изработувано за секоја пригода: годишнина, новороденче, веридба, роденден... на креативноста и нема граница. Нешто ново на кое работиме се вакви слики со уметничко дело или различни бои во позадина. Наскоро ќе објавиме нешто повеќе :)

Како доаѓаме до идеите за изработките?

Инспирацијата за нови креативни идеи е насекаде и секој ден може да се сетиме на нешто ново. Најчесто сме мотивирани од одредена пригода која се ближи или едноставно кога изработуваме нешто ни доаѓа нова идеја за наредна изработка, или идеја за подобрување. Некогаш не ни знаеме кога е доста, обожаваме различни додатоци на секоја изработка. А често знаеме и да изненадиме некој од корисниците со нешто ново на нивнот подарок во склоп со сезоната.

Нешто што најмногу го цениме е кога правиме нешто по целосна идеја и желба на корисникот, значи од идеја до реализација :)

Некои од нашите најбарани изработки се всушност направени во взаемна комунаикција и предлози за нешто уникатно и персонализирано со некој корисник.

Како пример ќе ја дадеме оваа изработка која е воедно една од најсложените изработки и најуникатни.

Целосно изработена со споделување идеи и разговор со корисничка. Овој дизајн денес стана еден од најбараните, секако со персонализрано календарче и година.

Колку време е потребно за една ваква изработка?

За секоја изработка е потребно повеќе време и посветеност за изработка но тоа е убавината во рачните изработки. Знаете дека добивате нешто за кое е посвенето многу љубов и внимание. Поради големите барања имаме и веќе спремни материјали и некои изработки може да бидат направени и побрзо Но најоптимално е нарачките да ги добиваме недела дена однапред за да изгледаат совршено.

За секоја изработка има можност и за испраќање на скица за да видите како би изгледала изработката пред да ја направиме.

Kако изгледаат скиците?

Скиците ги правиме директно на димензиите на дрвото кое ќе го одберете. На тој начин можете да видите каква ќе биде поставеноста на елементите и ние ќе можеме да направиме промени доколку е потребно. Ја разбираме важноста на секоја изработка која личноста на која ќе и ја подарите ќе ја има цел живот како спомен и токму поради тоа ги правиме и целосно персонализирани. А особено сме радосни кога правиме уникатна и нова идеја од корисникот и посветуваме време и на скицата и на изработката. Ова е еден пример на скица од изработка пред да биде направена.

 

Уживаме во изработката на овие податоци и особено ни е драго што воведуваме нови типови на уметности кај нас, спремаме многу нови изненадувања и многу нови подароци следете не на Facebook или Instagram каде ги постираме сите новости