Знаеме колку изборот за совршениот подарок знае да биде тежок. Се ближи вашата годишнина веќе сте повеќе години заедно, си имате купено се, од парфеми до совршени алишта и веќе немате идеја што наредно.
Сега е време да подарите нешто уникатно, нешто што вечно ќе го чува и ќе предизвика неизмерна радост.
Ние од Виножито секогаш се трудиме да ги подготвиме најдобрите предлози за вас. Ова се само дел од подароците кои со сигурност ќе изненадат и ќе бидат полн погодок за вашата годишнина од врска или брак.
1. Дрвена слика за на ѕид со календар
Подарок со кој вашиот датум ќе остане запаметен. Персонализиран текст и целосно рачно изработено за да си го има со години закачено на ѕид.
2. Срце полно со киндер чоколатца
За машко или женско ова е слатко изнандување за секого. Кутија полна со чоколатца киндер и со порака за среќна годишнина.
3. Дрвена слика со сите важни датуми
Доколку се работи за годишнина од брак ова е подарок кој ќе покаже дека се грижите за секој детал.
4. Премиум подарок со вино и чоколатца
Премиум подарок со вино и со Lindt чоколатца е сигурен избор за подарок, плус предлог од нас е да се надополни со картичка со порака.
5. Рамка со ваша фотографија и срциња
Подарете ваква уникатна рамка со ваша омилена фотографија, подарок кој дефинитивно ќе го стопли срцето на саканата/саканиот.
Ова се само дел од предлозите, посетете ја нашата Facebook страница и одберете го подарокот за вашите најмили.